- Информатика е наука која ги изучува теориските основи на информацијата и сметањето и нивната примена во компјутерски системи (било да се апстрактни или не).
Дел од историјата на информатиката
Чарлс Бебиџ во 19 век измислил машина која земала податоци, ги обработувала, и на некој начин обработените податоци ги покажувала. Во тоа време тоа бил механички систем, додека денес сметачите се електронски.
Еден од најголемите теоретичари на модерната информатика е англискиот математичар Алан Тјуринг. За време на Втората светска војна работел на „Енигма“, машина која германската војска ја користела за шифрирање и дешифрирање на пораки. Тјуринг развил постапка со која сите пораки можеле да се дешифрираат. Во текот на тие истражувања настанала познататаТјурингова машина.
Инфоматиката за основа ја има математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки. Настанала во 19 век а за еден од основачите се смета Чарлс Бебиџ, кој измислил машина која ги земала податоците, ги обработувала и на одреден начин ги прикажувала истите. Бебиџ секако го замислил тоа потполно механички, додека денес сметачите се електронски.
Денешните сметачи имаат сличност со машината на Бебиџ, а тоа во најголема мера се должи на примената на бинарниот броен систем. Скоро секоја сметачка машина на денешницата го користи тој броен систем, кој што се состои само од единици и нули. Тоа е така затоа што на сметачот тоа му е наједноставно: 1 - има струја, 0 - нема струја. Системот кој има десет цифри (0-9) се вика декаден. Бебиџ ја имал идејата за користење на дупчени картички за својот сметач а тоа навистина и се користело за чување на податоците пред во употреба да почнат да се користат магнетните мемории.